Во домашна изолација сите патници од автобусот со кои патуваа заразените од корона вирус Сите патници кои вчера пристигнале со автобусот од Италија, а патувале до Куманово, Скопје и Дебар, се идентификувани и ќе бидат во домашна изолација. Двајцата заразени сопружници од Дебар се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.
Сопружници од Дебар заразени со коронавирус допатувале од Италија со автобус, патници се симнале и во Куманово Двата нови позитивни случаи на коронавирус се сопружници од Дебар на возраст од 62 и 68 години, кои минатат недела со автобус дошле од Бреша, Италија, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Кумановските училишта добија дезинфекциски средства Училиштата во Куманово денеска ги добија дезинфекциските средства што ги набави Министерството за здравство, заради заштита од коронавирус.
Центарот за култура ја одложи изложбата „Жените и фотографијата 2020“ Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата 2020“, којашто вечерва требаше да се случи во Центарот за култура „Трајко Прокoпиев“ во Куманово се одлага за седум дена, согласно вчерашната донесена одлука на Владата на Република Северна Македонија, заради превенција од корона вирус.
Со моќни жени до моќна држава, порачаа социјалдемократките од Куманово Под мотото „Со моќни жени до моќна држава“, Форумот на жени на СДСМ Куманово, денеска на градскиот плоштад го одбележаа Меѓународниот ден на правата на жените - 8 Март.
Автомобил удри во жена на „Доне Божинов“ Повозрасна жена е повредена во сообраќајна незгода, откако во неа удрил автомобил.
Полицаец осомничен за плаќање фактури со туѓа платежна картичка СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.А.(28) од Куманово, вработен како полициски службеник во СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Кои се потенцијалните кандидати за пратеници од Куманово Останаа уште неколку дена до официјалното објавување на кандидатските листи за пратеници. Како се приближуваат парламентарните избори, така во кумановската чаршија и партиските ограноци се погласни се шпекулациите кои ќе бидат имињата и позициите во Втората изборна единица.
Немаат коронавирус двајцата странци кои беа во карантин во скопски хотел, соопшти Филипче Негативни се тестовите на корона вирус на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Сокрила марихуана во поштенско сандаче - полицијата ја уапсила СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.К.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Се предлага да се откажат јавните собири, а спортските натпревари да се играат без публика до 13 март Министерот за здравство Венко Филипче и` предложил на Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавните собири и спортските натпревари без публика, до 13 март.
Откриен малолетникот што клоцаше куче и се снимаше Малолетник од село во Општина Старо Нагоричане, е лицето коешто клоцаше куче на игралиште во Куманово.
Двајца кумановци добија награда од 100.000 денари на наградната игра „Мој ДДВ“ Ласте Петрински и Мица Пачковска од Куманово добија по 100.000 денари на вчерашното извлекување од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“.
Ќе се направи мини парк на влезот на „Перо Чичо“ за да се спречи создавањето на дивата депонија ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, од денеска, повторно започнува со чистење на депонијата пред влезот на населбата „Перо Чичо“ во Куманово, каде ќе засадат дрвја за да се оневозможи одново создавање на истата.
Седма жртва од експлозијата во Романовце Утрово почина уште едно лице кое се задоби со тешки повреди, при екплозијата на плинска боца во село Романовце.