Концерт на КУД „Панче Пешев“ пред Центарот за култура Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, утревечер во 20 часот, на платото пред Центарот за култура ќе одржи едночасовен концерт.
Од 1 јули се забранува увоз на половни возила Од 1 јули граѓаните ќе можат да увезат половно возило само со стандард Еуро 4 или повисоко. На овој датум истекува и рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 година.
Изложба на фотографии „Напуштени храмови“ Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов “Напуштени храмови“ од авторот Стефан Шашков.
Фалсификувал фактура да купи делови за култиватор Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Старо Нагоричане, поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Гори депонијата Краста Два дена гори депонијата Краста вo селото Пчиња. Пожарот се појавил во понеделникот во 4 часот по полноќ, кога ѓубриштето било запалено од непознати причини.
Отворен детскиот ликовен камп „АСНОМ“ Над 150 цртежи, графики и скулптури создадоа учесниците на годинешниов Детски ликовен камп АСНОМ, што веќе три дена се одржува на локалитетот Етно село.
Пожар во Багрем бања и Стари лозја Два големи пожари на отворено денеска зафатија дел од населбата „Перо Чичо“.
Се обележуваат паркинг местатa во градот ЈП „Куманово- паркинг“ започна со обележување на паркинг местата во градот. Обележувањето се врши во раните утрински часови, кога фрквенцијата на автомобили е намалена.
Две први награди за „Панче Пешев“ во Митровица Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ освои две први награди во Косовска Митровица.
Доставил лажен договор, му издале сообраќајна дозвола Кумановец фалсификувал купопродажен договор за автомобил, по што го предал во полиција и добил сообраќајна дозвола.
Концерт на дуото “EQUILIBRIUM“ во Куманово Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 20 часот концерт ќе одржи дуото “EQUILIBRIUM“ од Скопје.
Куманово членка на Асоцијацита на локални лидери на групата 16+1 Како потпретседател на ЗЕЛС, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, учествуваше на Самитот на локални лидери од средна и југоисточна Европа, што минатата недела се одржа во Пекинг, Народна Република Кина.
Кривична за поранешната директорка на „11 Октомври“ Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.С.(53), директор на основното училиште „11 Октомври“, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Истураат градежен шут од 5-ти кат Облак прашина се дигаше денеска на Градскиот плоштад, кога градежни работници истураа градежен шут од повисоките катови што го вадеа од фасадата на осмокатницата.
Управител го оштетил КЕН за 2 милиони денари Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.С.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи права“.