Три нови онлајн услуги во Катастар на недвижности Три нови услуги на контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности, можат да добија граѓаните во наредниот период.
185 бегалци во кампот Табановце На почетокот на март во кампот престојуваа над 1500 бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак, Либија и Пакистан, кои по затворањето на балканската рута се вратија во Грција и Турција
Педесет и трета седница на Совет Советниците утре ќе ја одржат 53-та, рeдовна седница на Советот на општина Куманово. На дневен ред се 9 точки.
Кумановец нелегално продавал огревно дрво Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.И.(45) од Куманово, поради основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволена трговија“, „даночно затајување“ и „пустошење шуми“.
Капење во затворениот базен во јули Комплексот базени во Куманово ќе биде пуштен во употреба до средината на јули.
Воз удрил во форд Воз удрил во автомобил на железничката пруга Куманово-Скопје, во селото Дељадровци.
Аце и Мартина се запознаа со Кајмаковски Повеќе од два часа Даниел се дружеше со децата и нивните другарчиња, пееше, играше и им раскажуваше за големото шоу, а на крај се бркаше со нив во дворот и го возеше нивниот мал велосипед
Изложба на Данчо Ордев во Куманово Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, во четврток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики на академскиот уметник и професор Данчо Ордев.
Дамјановски се мисли за уште еден мандат Градоначалникот Зоран Дамјановски, тврди дека сеуште не одлучил дали уште еднаш ќе се кандидира на локалните избори, но доколку добие подршка од граѓаните и партијата ќе размисли дали ќе го прифати предизвикот.
Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска Грчки навивачи малтретирале и омаловажувале вработен на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје.
Градоначалникот слави 60-ти роденден Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, вчера наполни 60 години.
СДСМ: Екстерното тестирање внесува страв кај учениците Екстерно тестирање внесува страв и непотребни проблеми во образовниот процес, а огромен дел од прашањата се со грешки и се продаваат по фотокопирници и на Интернет, обвинуваат од општинската организација на СДСМ.
Дамјановски:„Простор“ има обврска да изгради катна гаража зад Судот „За овој проблем ВМРО-ДПМНЕ треба вистината да ја бара во своите редови и своите подржувачи, а не кај локалната самоуправа“, одговори градоначалникот Зоран Дамјановски, на обвинувањата на партијата дека просторот зад Основниот суд Куманово и Црвен крст е коридор на срам во центарот на градот.
ВМРО-ДПМНЕ: Коридор на срамот во центарот на градот „Полуразурнати или целосно руинирани куќи, депонии на секој агол, голема нечистотија, потенцијални извори на зараза демнеат на секој чекор и предизвикуваат неверување„.
Промоција на книгата „Светлината од Назарет“ Во Центраот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се одржи промоција на книгата „Светлината од Назаред„ од авторот Јовица Ивановски Моче.
Кумановец побегнал од затвор и ограбил златарница Кумановец побегнал од затвор во Крива Паланка и од златарница украл 16 ланчиња.