При крај реновирањето на “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“ При крај е реновирањето на училниците во основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“.
Во Куманово антитерористичка акција на МВР Во Куманово, Скопје, Струга, Тетово и Гостивар, текот на ноќта и утринава МВР спроведе акција за разбивање на структури на Исламска држава во земјава.
Престрелка во Лопате Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили.
Презентација на ИПАРД за жителите на Пчиња и Нагоричане Жителите на селата Пчиња и Старо Нагоричане, како и мештаните од околните села до крајот на денот ќе се запознаат со ИПАРД програмата и што таа нуди.
Тајванци се запознаа со македонскиот фолклор Група Тајванци денеска беа во посета на Куманово и Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, каде се запознаа со македонскиот фолклор.
Црвен Крст организира камп во Кокино Општинската организација на Црвен Крст Куманово од утре до 9 август во селото Кокино, организира камп за своите и волонтери од Ниш, Кочани и Крива Паланка.
Управителка на млекара оштетила доверители Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ј.П.(39) од Куманово, поранешен управител на млекара, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување или повластување на доверители.
Жителите на Романовце и Пчиња бараат асфалт кон Краста Жители на селото Романовце го блокираа селскиот пат на излезот кон Скопје, со барање “Бетон“ и другите фирми кои ги користат каменоломите кај Краста, да им го асфалтираат патот.
Општина Куманово одвои пола милион денари за Тетово Општина Куманово ќе одвои 500.000 денари од својот буџет за ублажување на последиците од поплавите во Тетово.
На Табановце запленет гасен пиштол Еден гасен пиштол со рамка без муниција марка ЕКОЛмод 9 со калибар 9 мм, откриен е од страна на мобилните царински тимови на граничен премин Табановце.
Запалена сува трева во Перо Чичо и Доброшане Во последните 24 часа гореше сува трева во населбите Перо Чичо и Доброшане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Трето авионско прскање против комарци во Куманово Утре во раните утрински часови во градското подрачје на општина Куманово, ќе се изврши третото авионско прскање против комарци за оваа година.
Укшини бара оставка од Стојковски Техничкиот директор на Водостопанство Емрла Укшини бара оставка од генералниот директор на ЈП Водовод Горан Стојковски, затоа што лошо го менаџирал претпријатието. Стојковски возвраќа дека доколку се решат напластените децениски проблеми тој е подготвен да се тргне од функцијата, но во барањето на Укшини гледа политика.
Кумановец за еден месец извршил 7 кражби Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.М.(39) од Куманово под сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „одземање моторно возило“.
Започнува вакцинација на деца со шестовалентна вакцина Од денеска започнува вакцинација на бебиња со шестовалентна вакцина, обезбедена од Министерството за здравство.