Отворена годинешнава „Гимназијада“ (галерија) Во спортската сала во Куманово, синоќа беше отворена 10-тата средношколска спортска манифестација „Гимназијада 2016“.
Во Пелинце и Длабочица бесплатно запишување на земјиштето Бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини Пелинце и Длабочица ќе врши Одделение за катастар на недвижности во Куманово.
Голем одзив на акцијата „Александар Ковачевски“ Над 60 единици крв се собрани на меморијалната крводарителска акција “Александар Ковачевски“ што денеска ја организираше Здружението на полициски и воени ветерани во Куманово.
Гимназијалци ќе го посетат Санкт Петербург Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ во сабота ќе заминат во посета на збратимено училиште, во Санкт Петербург, во Русија.
“Ѓурѓовденски сабор“ во Старо Нагоричане Во општината Старо Нагоричане, вечерва ќе се одржи традиционалната манифестација “Ѓурѓовденски сабор“.
Пристигнаа учесниците на спортската Гимназијада Во средното училиште „Перо Наков“, предпладнево пристигнуваат учесниците на годинешнава спортска манифестација Гимназијада, која од денеска до сабота ќе се одржи во Куманово.
„Медал за храброст“ за загинатите полицајци во Диво насеље Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денес ќе ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со „Орден за воени заслуги“.
Продолжи протестот на шарените револуционери Со скандирање „Нема прaвда! Нема мир!, Оставак, оставка!„, кумановци вечерва продолжија со „Шарената револуција„.
Бесплатно запишување на правата на сопственост Катастарот годинава ќе врши бесплатно запишување сопственички права на недвижности во 29 нови катастраски општини во руралните средини.
Крводарителска акција во Клубот на ветерани Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово, утре организира крводарителска акција.
36 години од смртта на Тито Почитувачи на ликот и делото на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, денеска одбележаа 36 години од смртта на врховниот командант.
Одбележана 113 годишнина од смртта на Гоце Делчев По повод 113 години од смртта на македонскиот револуционер „Гоце Делчев„, денеска пред бистата на великанот во дворот на кумановската гиманзија, цвеќе положија претставници од локалната самоуправа, Советот на општината, политички партии, невладини здруженија и граѓани.
Поплавен подрум во куќа во Диво насеље Поплавен е подрум на куќа на ул.„Јован Поповиќ„ во Диво Насеље, под автопатот Куманов-Скопје.
Продолжува „Шарената револуција“ По неколку дневна пауза за Велигденските празници, вечерва продолжува „Шарената револуција“ во Куманово.
ЗНМ: Со новинари во затвор нема слободни медиуми Додека целиот демократски свет го слави денот на слободата на печатот, ние дојдовме пред затворот во Шуто Оризари затоа што неговата симболика најдобро зборува за нашата неслобода, - порачаа од ЗНМ на Светскиот ден на слободата на медиуми.
Учениците го прославија Велигден Велигденска прослава денеска се одржа во основното училиштe „Браќа Миладиновци“, како дел од проектот Безбедни училишта, која ја реализира Отсекот за превенција при СВР Куманово.