Сe обидел да изнесе 4.500 евра од државата Царинските службеници одзеле 2.500 евра од македонски државјанин, кога со автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце, автопат.
Денот на книгата одбележан во „Перо Наков“ Под насловот „Книгата – ризница на знаењето“, вчера во Средното општинско училиште „Перо Наков“ се одржа поетско-музичка манифестација, на која учениците заедно со членови на Друштвото на писатели од Куманово, го одбележаа Денот на книгата, 23-ти април.
Педесет и прва седница на Совет Советниците утре ќе одржат редовна седница на советот на општина Куманово.
Пети ден „Шарена револуција“ во Куманово Студеното и ветровито време не ги поколеба шарените револуционери и вечерва да протестираат по кумановските улица.
На Табановце запленети лекови На граничниот премин Табановце автопат, царинските службеници откриле поголема количина на лекови.
Ученички саем на иновации Учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“, денеска организираа продажен саем, како дел од активностите по практичната настава по предметот иновации.
Спасов посети приватна ординација Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, денеска во Куманово посетија стоматолошка ординација, која е отворена преку владините проекти за вработување.
Промоција на стихозбирката „Црно на бело“ Во библиотеката „Тане Георгиевски“, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на сихозбирката „Црно на бело“ од Лидија Димковска.
„Ревизор„ премиерно во Кумановскиот театар Претставата „Ревизор “, по текст на Николај Васиљевич Гогољ, а во режија на Андреј Цветановски во среда премиерно ќе биде изведена во Кумановскиот театар.
Концерт на дувачко трио во Куманово Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19.30 часот, концерт ќе одржи дувачко трио од Скопје.
Велики петок неработен за православните Петокот пред Велигден (29 април), неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Жители на три улици кај „Циглана“ бараат асфалт Жители на улиците „Тошо Ангеловски-Ѕидар„, „Гиго Цветковски“ и дел од „Јоско Илиевски“, заедно со членови на ВМРО-ДПМНЕ, побараа од локалната власт да ги асфалтира улиците на кои живеат.
Изложба на слики на Димитар Стојчевски Четириесетина дела: масло на платно, акрил и цртежи, на академскиот сликар Димитар Стојчевски, изложени се во Уметничката галерија во Куманово.
И вечерва мирен протест низ Куманово По четврти пат, по улиците на Куманово се одржа протестен марш на кој беше побарана оставка на претседателот Ѓорѓе Иванови и повлекување на одлуките за аблоција.
Спасовски потврди дека Божиновски е екстрадиран во Македонија Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека синоќа од Србија во Македонија е екстрадиран новинарот и сопственик на интернет порталот „Буре весник“ Зоран Божиновски,пренесоа националните медиуми.
Најмладите го одбележаа Денот на планетата Земјата Под мотото „Дрвја за планетата Земја“ денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Целта е да се спроведат акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарда дрвја до 2020 година.