Мени

Во Белановце фатени кумановци кои нелегално ја минале границата со Косово

Во Белановце фатени кумановци кои нелегално ја минале границата со Косово

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, вчера во 13.10 часот, при обиколка на терен од граничниот премин кон с.Белановце, ги привеле А.А.(29) и М.А.(21), двајцата од Куманово, поради тоа што илегално ја преминале државната граница од Косово кон Македонија.

Матичните лекари од Куманово бараат пациентите без итна потреба да не одат во нивните ординации

Матичните лекари од Куманово бараат пациентите без итна потреба да не одат во нивните ординации

Со оглед на актуелната состојба со панедемијата со вирусот Ковид -19, лекарите од приватните здравствени установи од Куманово, бараат од нивните пациенти без голема итност да не одат во ординациите, а доколку тоа е неопходно да ги почитуваат препораките со цел да го заштитат сопственото здравје, здравјето на нивните најблиски, како и на сите граѓани во државата.

Патниците коишто денеска ќе пристигнат од ризичните земји ќе одат во карантин во касарна

Патниците коишто денеска ќе пристигнат од ризичните земји ќе одат во карантин во касарна

Двесте патници коишто денес ќе бидат земени од граничниот премин помеѓу Бугарија и Унгарија, и од граничниот премин Деве Баир ќе влезат во земјата, ќе бидат сместени во групен карантин во касарна на Криволак, бидејќи доаѓаат од високоризични земји.

Не патувајте, не се знае кога ќе може да се вратите дома, рече министерот Димитров

Не патувајте, не се знае кога ќе може да се вратите дома, рече министерот Димитров

 Немојте да патувате. Македонски граѓанин што утре ќе реши да оди некаде, сосема е неизвесно кога ќе може да се врати. Крајно е непредивдлива ситуацијата, државите носат свои одлуки, затвораат граници за странски државјани, затвораат аеродроми, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Кумановските угостители ги почитуваат мерките на Владата

Кумановските угостители ги почитуваат мерките на Владата

Полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера попладне спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.

Театар Куманово со бесплатни детски претстави на интернет

Театар Куманово со бесплатни детски претстави на интернет

Театар Куманово, од денеска, па во наредните пет дена, дел од своите детски престави ќе ги постави бесплатно на својот јутуб канал, со цел да им го пополни времето на децата кои не се на  училиште, додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирус.