Кумановските угостители ги почитуваат мерките на Владата Полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера попладне спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.
Сe затвораат граничните премини и аеродромот во Скопје Македонија ги затвора сите гранични премини од вечерва и аеродромот Скопје од среда попладне, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Пет нови пациенти позитивни на коронавирус Четири лица од Дебар и жена од Скопје, која се вратила од Холандија преку Виена се нови пациенти позитивни на коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Театар Куманово со бесплатни детски претстави на интернет Театар Куманово, од денеска, па во наредните пет дена, дел од своите детски престави ќе ги постави бесплатно на својот јутуб канал, со цел да им го пополни времето на децата кои не се на училиште, додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирус.
„Еуро Колеџ“ започна со онлајн настава Приватната високообразовна институција „Еуро Колеџ“ - Куманово, од денеска наставата ја изведува онлајн.
Општинскиот штаб за заштита донесе повеќе мерки за превенција од коронавирус Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа состанок на кој беа договорени мерките и активностите коишто ќе ги преземат локалните институции и јавните претпријатија, за да се спречи ширењето на воронавирусот во Општина Куманово.
Министерството за здравство ги објави броевите за психолошка поддршка на граѓаните Клиниката за психијатрија во Скопје отвори телефонски линии за психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи, засегнати од коронавирусот.
Десет стари лица побарале помош за набавка на храна и лекови од Општина Куманово Десет лица од Куманово побарале помош од Општина Куманово за снабдување со потребни прехрамбени продукти и лекови, откако вчера општината воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани.
Се отвараат телефонски линии за психолошка поддршка за граѓаните Клиниката за психијатрија во Скопје ќе отвори телефонски линии за психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи, засегнати од коронавирусот.
Седум лица се тестираат за коронавирус Три лица од Дебар, две од Штип и двајца од Скопје, се новите сомнителни случаи кои во моментов се тестираат за коронавирус во земјава, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Бензините поевтини за 7,5 денари, дизелот за шест Рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ. Бензините со одлука на Регулаторната комисија ќе се намалат за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар.
Во САД започнува тестирање на вакцина против коронавирус Тестирањето на вакцината против коронавирус ќе започне денеска, пренесува новинската агенција Асошиејтед Прес „АП“, од неименуван функционер во американската влада.
Првата пациентка со коронавирус заминува на домашно лекување, се тестираат три лица од Дебар Првата пациентка со коронавирус во Македонија, денеска ќе биде пуштена на домашно лекување.
Продолжува реконструкцијата на железничкиот мост во „Перо Чичо“, се воведува времен режим на сообраќајот Од денеска продолжуваат градежните работи за реконструкција и рехабилитација на железничките премини на железничката пруга Куманово – Бељаковце, како дел од проектот за рехабилитација на Железничкиот Коридор 8, соопштуваат од фирмата Х.Ф.Вибе.
Седуммината тестирани се негативни на коронавирус Министерството за здравство информира дека резултатите на седумтемина пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус , а на едно лице тестот ќе се повтори.
МТСП: Се одложува реализацијата на проектот бањско-климатската рекреација Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус инфекцијата, Министерството за труд и социјална политика информира дека реализацијата и спроведувањето на Проектот бањско - климатска рекреација се одложува, односно нема да се реализира во одредениот термин.