Обединети во различностите да одиме напред кон ЕУ и НАТО, порача Пендаровски од Куманово
Мојата визија се обединети граѓани, општество без поделби,
сигурна и стабилна држава. Како ваш иден претседател ќе се грижам за
сите подеднакво. Ќе се залагам за заедништво на сите граѓани независно
од нивата националност, јазик, вера, социјална и друга определба, изјави
кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски, по денешната
средба со претставиците на етничките заедници во Куманово.