Еден починат и двајца новозаразени од коронавирус во Куманово Двајца новозаболени и еден починат од вирусот КОВИД-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.
Правила за движење на земјоделците во време на полициски час Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020).
Кумановци изработија 1000 визири за здравствените работници во регионот Над 1.000 визири доби медицинскиот персонал во регионот од група ентузијасти од Куманово.
Ќе се врши ларвицидна дезинсекција во Куманово Акција за уништување на ларви од комарци, односно ларвицидна дезинсекција на местата каде има застоени води, утре ќе се врши во Општина Куманово.
Алфи ќе донира маски, перници и јоргани на болницата Компанијата Алфи од Куманово, ќе донира 2500 заштитни маски, 100 перници и 100 јоргани на Општата болница Куманово.
Кумановските пчелари донираа мед и прополис на здравствените работници и заболените од коронавирус Вработените и пациентите во Кумановската болница денеска добија донација од 120 килограми мед и 30 кутии прополис, од пчеларите на здружението „Пчела“, по повод Светскиот ден на здравствените работници 7 Април.
Се влошува состојбата на родилката од Куманово Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на КОВИД-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Војската ќе воведува ред пред банките во Куманово Војска од утре ќе помага да се воспостави ред пред банките во Куманово, откако денеска владееше вистински хаос при исплатата на социјалната помош.
Позитивен на коронавирус уште еден лекар од Кумановската болница Доктор специјалист од Одделението за урологија во Општата болница Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово.
Министерот Чулев во посета на СВР Куманово Министерот Наќе Чулев денеска беше во работна посета на СВР Куманово, каде што се запозна со активностите кои се преземаат на територијата на Куманово, а кои се насочени кон справување и превенција со коронавирусот.
Седум новозаболени од коронавирус во Куманово Седум нови случаи заразени со коронавирус се регистрирани во Куманово, со тоа вкупниот број се искачи на 128.
Министерот Филипче во посета на Кумановската болница Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврди дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.
Дополнителни одлуки за работното време и за работата за маркетите и аптеките Владата заклучи дека за време на забраната и посебниот режим на движење, да им дозволи на сите граѓани кои живеат во станбените згради и имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 8:00 часот до 8:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.
Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус, објави Димитриевски Двајца кумановци ја изгубиле битката со коронавирусот, соопшти градоначаникот Максим Димитриевски во јавувањето на Топ тема на Телма.
Техничка помош и поддршка од Владата бара Куманово за да се справи со коронавирусот Техничка поддршка во амбулантно возило и цистерна за дезинфекција на јавните површини, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок.
Општина Куманово воведе дополнителни телефонски линии за помош на граѓаните Општина Куманово воведе уште една телефонска линија, 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.