Давидовиќ: Се оградуваме од невкусната кореографија на Кумани Спортскиот директор на КК Куманово, Младен Давидовиќ денеска преку писмено соопштение се огради од кореографијата на навивачката група Кумани која беше упатена кон поранешниот кошаркар Урош Луковиќ.
Мирен протест во Куманово(галерија) Трета вечер во Куманово се одржа протест во организација на граѓанската органзиација „Протестирам“,поддржан од опозициските партии и невладини организации.
Цвет и книга за читателите во градската библиотека По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, 23-ти април, градската библитеока Тане Георгиевски, утре и задутре на своите читатели ќе им подари книга и цвет.
Вечерва нов протест во Куманово Неколку граѓански организации, подржана од опозициската СДСМ за вечерва најавија нов протест.
Проект за подобрување на вештини за вработување на жени Во Центарот за ромска заедница „ДРОМ“,денеска се одржа првата информативна сесија од проектот „Поддршка за вклучување на жени Ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на трудот“.
Изложба на академскиот уметник Димитар Стојчевски Утре од 20:00 часот во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј - Куманово ќе биде отворена ретроспективна изложба на академскиот уметник Димитар Стојчевски.
Каменуван воз во Черкезе Вчера околу 17 часот каменуван е новиот воз број 2021, кој сообраќа на релација Табановце - Скопје по напуштањето на станица Куманово, во населбата Черкезе, пренесоа националните медиуми.
Околу 1.000 жители на Долно Којнаре добија асфалт Градоначалникот Зоран Дамјановски вчера пресече црвена лента и ги пушти во употреба неколкуте улици во ова место со вкупна површина од 1,2 километри.
Улицата „200“ во населбата Карпош доби асфалт По неколку децении жителите на улицата 200 во населбата Карпош, ќе одат по нов асфалт.
Трибина „Парадоксална промена“ во центар за култура Презентерка чита: Во Центарот за култура Трајко Прокопиев утревечер во 20 часот ќе се одржи трибина на тема „Парадоксална промена“.
Левица си замина од протестот пред Судот Кумановскиот огранок на партијата Левица синоќа го бојкотираше протестот пред Основниот суд.
Руска примабалерина во посета на Табановце Светски познатата и примабалерина на балетскиот театар од Санкт Петербург Ирина Колесникова, денеска ги посети беглаците во транзитниот центар Табановце.
Кривична за поранешен рефрент во катастар Кумановската полција поднесе кривична пријава против 54 годишниот И.А. село Опае,инаку, поранешен референт во Агенцијата за катастар за недвижности, поради сомневање дека ја злоупотребил на службена положба и овластување и ја фалсификувал службена исправа.
Кривични пријави за наставник и вработен на Педагошки факултет СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј. (46), вработен како наставник и З.К. (50) од Скопје, референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела.
Исчезната жена од Пчиња 40 годишниот Б.Д, жител на село Пчиња, вчера во кумановската полиција ја пријавил неговата сорпуга како исчезната.
Втор протестен марш во Куманово(галерија) Денеска се одржа вториот протест во Куманово на кој кумановчани побараа повлекување на одлуките на претседателот Иванов.